Охридскиот ракометен состав подготовките за пролетниот дел од сезоната во Супер лигата ги започна без нови имиња во екипата.
Стратегот на охриѓани, Горан Андоновски не ја исклучува можноста за доведување нови ракометари до стартот на шампионатот.
– Не успеавме во обидот да го доведеме пикерот Игнов, кој го напушти Пелистер и замина во Турција. Подготовките ќе ги одработуваме со истиот состав со кој ја завршивме сезоната, а ќе се потрудиме да доведеме некое засилување – порача Андоновски.
Првата полусезона „гладијаторите“ ја завршија на десеттата позиција, која е последна што гарантира опстанок во елитното ракометна друштво.
Мх.П.