Кучешкото месо не ќе може да се најде на менијата во рестораните за време на Олимписките игри во Кина, од обзири према бројните странски гости кои во тоа време планираат да престојуваат во кинеската престолнина.
Ако некој нарача кучешко месо, персоналот од таканаречените олимписки ресторани, ќе мораат љубезно да објаснат дека такво месо не се сервира и да предложат некој друг специјалитет.
На останатите ресторани им е препорачано до крајот на олимпијадата да го отстраната кучешкото месо од нивните менија.
И Јужна Кореја своевремено, за време на одржувањето на Олимписките игри во Сул, 1998 година го имаше забрането кучешкото месо во рестораните.