Од денеска, 19 јули, непречено да влегуваат и излегуваат во стариот дел од градот ќе можат да влегуваат само  граѓаните кои ги имаат регулирано своите обврски согласно актите донесени од страна на Општина Охрид, односно имаат картичка за движење во овој дел од градот, информира Секторот за комунални дејности сообраќај и улици при општина Охрид.

Согласно усвоените прописи дистрибутерите кои обавуваат дејност во овој дел од Охрид ќе може да доставуваат стока во одреденото време и најдоцна до 10:00 ч. да го напуштат ова подрачје.  Во спротивно нивните картички ќе бидат блокирани, предупредуваат од општината.

OhridNews