Без измени и со проверени имиња Катанец ке се обиде да стигне до посакуваните четри бода во дуелите со Шкотска и Холандија.
– На прагот сме на нов квалификациски циклус во кој влегуваме со проверени сили, значи сите оние фудбалери кои во овој период настапуваа за националниот тим, играа заедно и сега се на потег да ги покажат своите вистински потенцијали.
На стартот имаме две тешки средби со најдоброрангираните селекции во групата Шкотска и Холандија. Сигурно дека ги респектираме но и ние имаме свои амбиции.. Наша задача е да одиграме онака како што игравме на последните дуели со Хрватска, Полска, Луксембург и верувам дека резултатите ќе дојдат сами по себе.
За овие две средби повикани се 20 фудбалери за кои се надевам дека ќе бидат подготвени и што е најважно здрави да го дадат максимумот. Засега на мала повреда се жали Илчо Наумовски но се надевам дека до 6. Септември ќе биде се во најдобар ред.
Собирот е на први Септември. Имаме доволно време да се подготвиме, да го задржиме континуитетот и со драгоцената подршка од навивачите да го дадеме максимумот против Шкотска и Холандија- изјави македонскиот селектор за веб страната на ФФМ.