Без изненадувања започна новата сезона во ракометната Супер лига. Фаворитите ги оправдаа улогите, а дерби пресметките понудија квалитетен и возбудлив ракомет.
Охрид на гостувањето во Скопје кај Работнички ги запиша првите бодови победувајќи со убедливи 29-18, а Прилеп пред своите гледачи го совлада Вардар Јуниор со 31-24.
Во дербито на колото Пелистер со 24-21 беше подобар од Еурофарм Работник додека Радовиш со пресврт во вториот дел го совлада тимот на Борец (26-25).
Резултати: Работнички – Охрид 18-29, Радовиш – Борец 26-25, Прилеп – Вардар Јуниор 31-24, Пелистер – Еурофарм Работник 24-21, Тинекс Пролет – Металург 2 26-26.
Двојки 2.коло: Вардар Јуниор – Тинекс Пролет, Металург 2 – Радовиш, Еурофарм Работник – Охрид, Борец – Работнички, Пелистер – Прилеп.
OhridNews