Основа за понатамошниот развој на Југозападниот регион е обновување на инфраструктурата, сметаат стручните лица. Сеуште како најгорив проблем се потенцира железницата која е со слеп колосек до Кичево и неопходно е таа да се поврзе до Битола и околните држави, вели проф. Д- р Науме Мариноски од Факултетот за туризам и угостителство.

Важно да имаме и магистрални патишта кои се неопходни. Сега имаме магистрален пат кој се протега само до Гостивар. Без соодветни меѓурегионални  контакти не може да се очекува развој на регионот, потенцира Мариноски.

 Развојот на инфраструктурата е само дел од проектите коои се опфатени со неодамна промовираната Програма за развој на Југозападниот плански регион во која е предвидено со заеднички настап на општините да се аплицира за средства за реализација на проектите за развој.

OhridNews