Единствениот натпревар без голови во воведното коло од Втората Лига го одиграа екипите на Илинден и Металург .По еден бод за двете екипи во премиерниот натпревар кој протекна во мирна атмосфера, а возбудувања имаше само во првиот дел.
Прилките наизменично се менуваа пред едниот и другиот гол,а први се заканија „илинденци“ преку најзабележителниот Клечкароски кој се обиде со лоб да го изненади Тасевски,по брзата контра на Милушев Дончевски изби сам но биеше во добро поставениот Абди .По ослободувањето на притисокот гостите заиграа отворено, но најдобрата можност во првиот дел и воопшто на натпреварот ја имаше Мурџоски но неговиот удар заврши во дирекот .Единствената прилика во вторите 45 ж ја имаше домаќинот преку Милошески кога со глава биеше покрај голот. До крајот на натпреварот играчите се „истрошија“ и повеќе мислеа на сопствениот отколку на противничкиот гол.
Охридските сино бели пак непоразени се вратија од гостувањето во Штип играјки 2-2 против Брегалница. Штипјани имаа убедливо водство од 2:0, кое Охрид успеа да го стигне и непоразен да се врати дома. Караораман во Скопје беше поразен од Маџари со 2-0.
Мирко Постоловски