Без голови и без победник (0-0) заврши големото дерби помеѓу Галатасарај – Бешикташ во рамките од 26-та рунда од најдобрата фудбалска лига во Турција.

Домаќините го диктираа темпото на игра, ја имаа во свој посед топката, но гостите успеаја во намерата да останат непоразени во големото дерби кое се одигра пред празни трибини.

После ремито, Галатасарај како третопласиран на табелата има три бодови негатива во однос на Трабзонспор и Башакшехир, кои, имаат идентичен број на поени на врвот од табелата. Бешиткаш е петтопласиран со 9 бодови помалку од водечките екипи.

OhridNews