Капитенот на Македонската репрзентација Елена Георгиевска ќе го преседи на клупата и вториот натпревар на нашата репрезентација во Охрид.

Повредата на тетивата е сериозна и на неа селекторот ќе може да смета евентуално на средбите со Хрватска и со Бразил в четврток или в сабота.

Македонија вечерва во единствениот натпревар на програмата од 21 часот ќе игра против селекцијата на Кореа.

М.П.