Претставници од оваа асоцијација веќе пет дена престојуваат во Охрид и вршат туристичка патрола и истражување на туристичката понуда и потенцијал на градот.
– Годинава може да се забележи навистина мал број гости во градов и тоа во екот на сезоната, но мора да се напомене дека поради економската криза, сите земји во регионот се соочуваат со истиот проблем, рече Глигоријевиќ. Показател за тоа се и празните приватни сместувачки капацитети кои најдобро покажуваат дали има гости или не. Глигоријевиќ укажа на лошата инфраструктура која исто така е фактор за малиот број гости кои доаѓаат во Охрид.
Од 10 до 12- ти септември, Охрид ќе биде домаќин на Меѓународната туристичка манифестација насловена како- Охридски денови на гостопримливоста и туризмот во Југоисточна Европа. Во рамки на манифестацијата ќе биде основана и лоби група од познати туристички работници и бизнисмени од регионот кои се очекува дека во иднина активно ќе го промовираат градот.
Инаку, минатата година оваа Меѓународна асоцијација за развој на туризмот на градот Охрид му го додели признанието Златна чаша на гостопримливоста во Југоисточна Европа.