Без класично дерби на 25 август ќе започне новата сезона во најквалитетната фудбалска лига на „чизмата“, Серија А.
Фудбалското лудило во калчото ќе започне од втората рунда во која силите ќе ги одмерат претедентите за титулата и големите ривали Јувентус – Наполи а шлаг на тортата ќе биде градското дерби во Рим помеѓу Лацио и Рома.
Во третата рунда нема некој натпревар за издвојување, но затоа во четвртата на мегдан ќе излезат градските ривали Милан и Интер.
Сите овие натпревари во воведните четири рунди наговестуваат дека повторно ќе се врати магијата во Серија А, која изобилуваше во 90-те години.
Двојки 1.рунда:
Каљари – Бреша
Фиорентина – Наполи
Верона – Болоња
Интер – Лече
Парма – Јувентус
Рома – Џенова
Сампдорија – Лацио
Спал – Аталанта
Торино – Сасуоло
Удинезе – Милан
OhridNews