Новата сезона во Првата македонска кошаркарска лига ќе стартува викендов кој доаѓа со 10 екипи. Ждрепката за првата рунда и понатамошниот дел од сезоната ќе биде извршена денеска во просториите на Кошаркарската федерацијата на Северна Македонија (КФСМ).

Кошаркарскиот клуб АВ Охрид после три сезони континуирано учество оваа нема да биде дел од елитата поради одлуката за повлекување која ги шокираше сите фанови и општо македонската кошаркарска јавност.

КФСМ одлучи да нема проширување на Првата лига, туку само ново ждребање и сезоната да почне со 10 екипи. Оваа одлука ги остави без шанса за настапи КК Шкупи и КК Ангели кои не криеја желба да се приклучат во елитата.

Турбуленциите веројатно ќе завршат во македонската кошарка и викендов конечно кошаркарите ќе ја имаат главната улога на теренот. Титулата во Првата лига ја брани МЗТ Скопје.

OhridNews