Крава пасе на дива депонија преполна со градежен шут и најразличен друг цврст отпад. Ова за жал е слика од нашето секојдневие. Дивата депонија се наоѓа во близина на каналот,  непосредно до дирекцијата на „Комуналец“. 


Бетонско пасиште

Со години заедницата го игнорира проблемот со дивите депонии, граѓаните често ги кршат законите и го одлагаат градежниот шут кај што ќе стигнат, а неретко тоа го прават и фирми, па дури и институции. Охрид има депонија за цврст отпад во Мауцкер, но граѓаните и фирмите за да не плаќаат отпадот го истураат во природата. Преку синџирот на исхрана опасниот отпад стигнува до човекот, како и во случајот со оваа крава која пасе на погрешно место исто колку што тука треба да се фрла отпадот.

Ohridnews