Пред празникот Водици клубот за подводни дејности Охрид ја продолжи акцијата за чистење на дното од Охридското Езеро околу градското пристаниште на потегот од Александрија до Капетанија.
Се вадеа бетонски топки и бетонски чунови за обележување улици кои на улицата од непознати причини се нашле во езерото, велат од Клубот за подводни дејности Охрид.
Во акцијата учествуваа двајца искусни нуркачи кои извадија преку триесет бетонски елементи од Езерото.
Пред неколку дена охридските нуркачи спроведоа уште една акција за чистење на езерското дноод цврст отпад околу пристаништето со цел подобрување на безбедноста на капачите кои за Водицибќе пливаат по чесниот крст во осветените води на Охридското Езеро.
Г.М.