Како што соопштуваат од транспорт и врски, по спроведените испитувања, констатирано е дека причина за појавата на свлечиштето на патот е прекумерното влажнење на подлогата и нејзиното презаситување.
Предвидено е работите за санација да бидат завршени во рок од два месеци.
Во февруари годинава, како последица на обилните врнежи, дојде до појава на свлечиште на еден километар од планинскиот превој Ѓавато, што однесе две коловозни ленти. Поради тоа, сообраќајот се одвива по стариот пат Битола – Ресен.
извор: „Макфакс„