За време на првите пет дена од прикажувањето во светските кина, филмот „Бетмен против Супермен: Зора на праведниците“ заработи 424 милиони долари, и покрај лошите оценки на критичарите. Вкупната заработка на светските благајни, четврта најголема досега, ја опфаќа и заработката од 170 милиони долари во САД, што е рекорд за една мартовска премиера, наведуваат британските медиуми. Рекордот сеуште го држи хитот од минатата година, седмата епизода од серијалот „Војна на ѕзведите“, со заработка од 529 милиони долари во првите пет дена од прикажувањето.

 

Филмот „Бетмен против Супермен: Зора на праведниците“ во исто време почна да се прикажува на повеќе од 40 илјади екрани во 66 земји во светот, вклучувајќи и 16 илјади во Кина. Акцијата со Бен Афлек и Хендри Кавил во насловните улоги на големото платно носи спектакл за судирот на двата популарни суперхерои, кои мораат да ги одмерат силите како би го спасиле човештвото. Афлек прв пат го облече костумот на човејот лилјак, додека Кавил веќе го играше Супермен во филмот „Човек од челик“.