Убиства, разбојништва, бомбашки напади, вооружени грабежи поради кои улиците повеќе не се безбедни, како и полиција која не си ја работи својата работа, се се тоа причини кои ги натерале граѓаните на Сараево да побараат помош ни помалку ни повеќе, туку од самиот Бетмен.
На еден босанки сајт неодамна бил поставен оглас за работа, потпишан од граѓаните на Сараево, а се барал токму маскираниот херој од Готам Сити, или некој кој има барем три години работно искуство во вршење на работи слични на оние на Бетмен. Освен тоа, сараевскиот Брус Вејн мора да поседува и диплома од некој факултет, да биде точен и одговорен, да го крие добро својот идентитет и да не сака да преговара. Исто така се бара и очекува и употреба на сила.