Фудбалерите на Бетис го освоија доцна синоќа Кралскиот куп во Шпанија совладувајќи ја во финалето на стадионот „Ла Картуха‘ во нивниот град Валенсија на пенали, откако натпреварот во регуларниот дел заврши 1-1, а продолженијата не донесоа победник.

Двата гола беа постигнати во првото полувреме, откако Бетис поведе во 11. минута, а Валенсија израмни по половина час игра.

Пи изведувањето пенали кај Валенсија од белата точка не беше прецизен 19 – годишниот Американец Јунус Муса во четвртата серија, додека сите играчи на Бетис биеја прецизно, а решавачкиот гол го постигна Хуан Миранда.

За Бетис ова беше петто куп финале и прв трофеј од 2005 година, додека Валенсија го одигра своето 18 финале и остана на осум освоени трофеи.

OhridNews