Познатата комичарка и глумица, Бети Вајт, ја искориси рекламата за нејзиното шоу “Betty White’s off their rockers” за да ја исмее младата и контроверзна пејачка, Мајли Сајрус. Бети во рекламата се појавува качена на огромна кугла за рушење, облечена во бело, односно нешто налик како спотот на Сајрус за песната “Wrecking ball”.
Мајли во последно време е на удар на јавноста, но и на удар на колегите од шоу бизнисот. Повеќето го осудуваат нејзиното однесување во последно време, со што младата Мајли се повеќе се здобива со негативен публицитет. Шоуто на глумицата Бети Вајт, требаше да се емитува на познатата телевизија Ен Би Си, но поради недостаток на средства истото е префрлено на телевизијата Лајфтај.