Одвај еден месец по доделувањето на престижното признание – наградата на „НИН“ за најдобар роман на годината, која што угледниот писател Драган Великиќ годинава ја доби по втор пат за романот „Иследник“, оваа книга излезе на македонски јазик. Издавач на книгата е „Везилка 2011“, преводот е на Ристо Лазаров, а автор на поговорот е Јелена Лужина.
Драган Великиќ во својот роман вообичаената архетипска релација татко – син ја заменува со преиспитување на односот на мајката и синот, пресуден за обликувањето на една уметничка биографија. Со овој роман Великиќ остварува висок уметнички домет, со раскажувачката постапка, темата и со препознатливиот стил репрезентативен за современиот српски роман.
Читајќи го Великиќ, забележува во поговорот Јелена Лужина, популарниот рецепиент постојано ќе го асоцира познатиот стих на еден друг и постар балкански автор -носталгичар „сараевчанец“ со најсараевското име на светот, кој вели дека сè што им се случува на неговите книги веќе му се има случено (или му се случува) и нему лично.
„Иследник” е десетти роман на Великиќ и во Србија е апсолутен бестселер. По Добрица Ќосиќ и Живоин Павловиќ, Великиќ е трет автор која наградара на „НИН“ ја добива по втор пат.
OhridNews