Британските медиуми се одушевени од изданието на Војвотката Кетрин.
Војвотката од Кембриџ го посетила белгиското гратче Лиеж и ги воодушевила сите со „слатката“ комбинација со потпис од модната куќа Alexander McQueen.
Годишнината од почетокот на Првата Светска Војна (за Британија) ја одбележала изгледајќи совршено па другите гости се нашле во нејзина сенка.
Кејт блескала во кремаста, кадифена наметка од McQueen, а слична, но сина, носела на одбележувањето на 70 годишнината од историскиот Ден Д во почетокот на јуни.
Комплетната комбинација Војвотката ја надополнила со спектакуларен шешир кој го красел впечатлив розев детаљ, поради кој многу британски медиуми ја нарекле совршено “колаче“. Вилијам бил традиционално беспрекорно елегантен, но овој пат останал во сенка на својата преубава сопруга.
извор:www.elle.hr