Не е прв пат соствениците на дуќани во скалестата зграда да ги сечат дрвата од паркот со цел да се отвори погледот кон деловните простории на бул. „Туристичка“, што е за секаква осуда, вели комуналниот инспектор Танасоски. Тој смета дека треба да се стави крај на ваквото самоволие и повтори дека секој еден кој сака да исече дрво од јавна површина мора најпрвин да добие дозвола од Министерството за земјоделство, Комуналната инспекција и ЈП „Охридски Комуналец“, кои се должни да излезат на терен и да утврдат дали за тоа има основа. Во случајов таквата процедура не е запазена со што е направен прекршок, вели Танасоски.
Бесправното сечење на дрвата од паркот кај скалестата зграда ја наелектризира атмосферата и само благодарение на присебноста на поединци не дошло до физичка пресметка помеѓу станарите и дуќанџиите.