Поради постоење основи на сомнение за сторенo кривично дело „бесправно градење“, ОВР Струга поднесе кривична пријава против 52-годишен жител на Струга.

Тој, во својство на сопственик на катарстарска парцела во Струга, во текот на годинава, без соодветно одобрение и спротивно на основниот урбанистички проект, започнал со изградба на станбена куќа. Од извршениот инспекциски надзор донесено е решение со кое на инвеститорот му се наложува да се отстрани дел од нелегалната градба. – информира СВР Охрид.

ОВР Струга поднесе кривична пријава против две лица двајцата од струшкото село Радолишта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.

При контрола извршена од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај на 20.10.2020 година на улицата „Маршал Тито“ во Струга, полициските службеници ги затекнале при превоз на патници, и тоа првопријавениот со такси возило „Мерцедес“, а второпријавениот со такси возило „Сеат“, без да поседуваат лиценца за вршење на општински такси превоз на патници во внатрешниот патен сообраќај. – информира полицијата.

OhridNews