Во текот на вчерашниот ден Шумската полиција од Охрид во два одделни случаи открила бесправна сеча и бесправно складирано дрво.

На 20 февруари во 12:30 часот при контрола на Шумската полиција од Охрид во атар на село Лешани, општина Дебрца, откриена е бесправна сеча на 2,5 m3 дабово и буково дрво, информираат од Шумската полиција.

На 20 февруари при извршување на контрола од страна на ренџерската служба од Национален парк Галичица Охрид во содејство со Шумската полиција од Охрид во атар на село Велгошти откриени се бесправно складирани 2 prm. багремови и букови огревни дрва. Дрвната маса е одземена и записнички предадена во стовариштето на Шумското стопанство Галичица Охрид, посочуваат од Шумската полиција.

И за двата случаи од страна на Шумската полиција ќе бидат поднесени соодветни пријави до Основниот суд Охрид.

OhridNews