Македонската асоцијација на туристички водичи и придружници по повод Светскиот ден на туристички водичи денеска организира бесплатно разгледување нa градовите Охрид, Битола и Скопје.

Турата во Охрид е со почеток во 12 часот на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ со водичот Љупчо Јузмески.

Сите кои се заинтересирани и сакаат да дознаат за културно-историските знаменитости може да присуствуваат. Ве покануваме на една убава дружба со што ќе го одбележиме Денот на туристички водичи, велат во соопштението.

Ваквиот начин на одбележување на Светскиот ден на туристичките водичи, 21. февруари, се спроведува веќе трета година и по ред.

OhridNews