Писателот Скот Кејс (28), прелетал повеќе од 30 илјади километри, при што посетил 13 земји, и сето тоа бесплатно. Тој своето двомесечно патување го испланирал до детаљ, пишува „Дејли Меил“, пренесува „Блиц“.

Секогаш кога ќе купувал нешто со една од своите 25 кредитни картички, добивал таканаречени „поени за бесплатно летање“. Скот ги посетил Мексико, Никарагва, Тринидад и Тобаго, Санта Лусија, Гренада, Германија, Чешка, Украина, Бугарија, Грција, Македонија, Литванија и Финска.

Кејс внимателно ги собирал поените секогаш кога ќе користел кредитна картичка, се до моментот кога не собрал доволно за оваа несекојдневна авантура низ тринаесет држави.

Неговиот пат вклучува и бесплатен престој во хотели и лет во прва класа!

OhridNews