На 5 декември глобалниот проект „Оттаде среќата“ (Beyond Happiness) заедно со Центарот за медитација „Шри Чинмој“ ќе одржи неколку бесплатни предавања за медитација во неколку градови во Македонија.

Во Охрид предавањето ќе се одржи во Касарна Хаб со почеток во 19.00 часот. Предавањето е од отворен карактер и е бесплатно за сите посетители и ќе трае 2 часа, информираат организаторите.

„Оттаде среќата“ e проект подржан од Здружението на граѓани „Шри Чинмо“ј, организација која преку организирање на голем број настани од типот на музички концерти, предавања за медитација, спортски настани како Трката за мир на Домот на единство (Sri Chinmoy Oneness-Home Peace Run), има една цел, а тоа е да го подобриме светот преку создавање на мир, радост и хармонија најпрвин во себе, а потоа тие квалитети да се споделат со остатокот од светот.

OhridNews