Вработените во студентскиот бар Синерс во Њукасл очигледно патат од вишок на пиво и тестостерон. Ставиле натпис над шанкот на кој пишувало дека секоја девојка која ќе им ги покаже градите ќе добие бесплатно пиво. Откако се прочуло за оваа идеја популарниот студентски бар паднал на удар на медиумите. Реагирале дури и Британските политичари, бидејќи некои од нив сметале дека со овој потег се деградира женскиот пол.
Еден од министрите изјавил дека ваквото однесување на вработените е неодговорно и дека владата има мерки за стопирање на ваквата промоција.