Акцијата за бесплатни здравствени прегледи-мерење крвен притисок, ниво на шеќер и холестерол во крвта, што Центарот за јавно здравје и Црвен крст Охрид ја спроведуваат во општините Охрид и Дебрца, продолжува во руралните средини.

Денеска бесплатни прегледи ќе се вршат во зградата на старото училиште во с. Велестово, во периодот од 10-13 ч., а организаторите очекуваат дека месното население ќе ја искористи можноста за проверка на здравствената состојба.

OhridNews