Во рамките на своите активности во делот на здравствено-превентивната дејност, Црвен крст Охрид во соработка со ПЗО “Провита”, за своите членови,  овозможи бесплатни ултразвучни прегледи на коските, со цел рано откривање на “болеста на коските”, остеопорозата.

Прегледите ќе се реализираат во текот на 04 и 05.02.2010 г. (четврток и петок).

Остеопорозата е заболување на коскениот систем, чија карактеристика е намалување на коскената маса по единица волумен и структурно нарушување во самото коскено ткиво. Остеопорозата доведува до постепено намалување на еластичноста на коските и до појава на скршеници, кои се јавуваат и при мал физички напор или повреда. Во потешки форми на остеопороза може да дојде и до искривување на ‘рбетот.

Ohridnews