Чоколадни наполитанки со мравки, ларви во чоколадо и пржени црви со вкус на сирење или сланина се само некои од специјалитетите кои посетителите на паркот во Сари, Англија можат да ги пробаат бесплатно. Тематскиот парк ќе им понуди на гостите бесплатна ужина која содржи сушени инсекти. Доколку промоцијата наиде на позитивни реакции од посетителите, инсектите ќе се најдат во тематскиот парк инспириран од азиските цивилизации, кој ќе биде отворен во март.


Генералниот директор Дејвид Смит изјавил дека ги пробал сите специјалитети и дека сите оние кои ќе соберат храброст да ги пробаат ќе откријат дека се многу вкусни. Тој додал дека многу од луѓето сакаат да почувствуваат каков навистина вкус имаат инсектите.