Од први август ќе започнат да се спроведуваат бесплатни превентивни прегледи за млади спортисти рекреативци. Со оваа мерка на Министерството за здравство ќе бидат опфатени околу 25.000 аматери спортисти на возраст од 14 до 29 години кои ќе подлежат на следните прегледи: ЕКГ, хематолошки и уринарен статус, крвна слика, мерења на мускулната и коскената маса.

Министерот Никола Тодоров информираше дека целта на овие прегледи е да се подигне свеста за значењето на здравјето на младите лица.

Младите спортисти рекреативци ќе треба да ги следат препораките на лекарите според тоа во каква здравствена состојба се наоѓаат и каква им е физичката подготвеност.

OhridNews