Акцијата на Министерството за здравство на Р. Македонија,  “ЗДРАВЈЕ ЗА СИТЕ” продолжува  денеска во с. Лескоец.

Екипите на Здравствен дом Охрид и Заводот за здравствена заштита на две локации, во паркот кај споменикот на Кирил и Методиј и во просториите на МЗ во с. Лекоец,  ќе вршат бесплатни прегледи на сите оние кои сакаат да го го измерат нивото на крвниот притисок, висината и телесната тежина, како и  да го определат нивото на гликемија, (шеќер) и  холетертол во крвта.

Претходно вакви акции се одржаа во центарот на Охрид и во Косел

ohridnews