Бесплатни функционални тренинзи во Младински Центар Охрид за средношколци.

Средношколци, ве каниме на супер-активен месец. Од 20.09 до 04.10, секој понеделник и среда од 19.30 чaсот ќе имате можност да тренирате бесплатно во нашите простории со Емилија Колоска. Со функционалните тренинзи ќе ја зголемите силата и издржливоста и ќе го подобрите целокупниот фитнес, велат од Младински Центар.

Воедно, додаваат дека сите заинтересирани треба да ја пополнат пријавата на линкот.

OhridNews