Бесплатни дерматолошки прегледи на бенки и промени на кожата во Охрид – Куба Либре со dm дрогерие маркт
Иако летото е едно од нашите омилени годишни времиња, поради високите температури и штетните сончеви зраци, тоа со себе носи различни предизвици. Колку е времето поминато на сонце корисно и удобно, толку е и самата заштита од сончевите зраци, но и превенцијата важна – а тоа dm многу добро го знае! Втора година по ред, dm ги повикува сите заинтересирани граѓани на бесплатни дерматолошки прегледи во Охрид – Куба Либре:
- 22 јуни во период од 16 до 20 часот
- 23 јуни во период од 11 до 15 часот
Првиот термин се одржа на 9 јуни во Парк шумата Гази Баба, каде одзивот беше голем, а минатиот викенд тимот на стручни дерматолози беше присутен во Градскиот парк во Скопје.
Дерматолошките прегледи се вршат на бенките и другите неправилности на кожата, со дерматоскоп и придонесуваат за тоа да се утврди општата состојба и типот на кожата. Се прашувате зошто се важни редовните дерматолошки прегледи со дерматоскоп? Тие се потребни за преглед на бенките и пигментните промени на кожата, но и поради настанувањето на нови бенки кои може да бидат условени од штетното дејство за сончевите зраци.
Дерматолозите алармираат дека зголемената стапка на пораст на кожниот меланом, посебно кај младата популација е загрижувачка и дека ова не бира ниту возраст ниту пол. Согласно статистиките во 2020 година биле забележани вкупно 325.000 нови случаи на меланом на глобално ниво (174.000 мажи, 151.000 жени), а доколку продолжи досегашниот тренд на појава на меланомот, се проценува дека бројот на нови случаи од меланом ќе се зголеми на 510.000 (приближно зголемување од 50%) до 2040 година. Повеќето случаи на рак на кожата се предизвикани од прекумерна изложеност на ултравиолетовите (УВ) зраци од сонцето или солариум. Превенцијата е од особено значење за заштита од овие заболувања, а редовните дерматолошки контроли на бенките и промените на кожата, како и заштитата од УВ зрачењата се еден од главните методи.
Зачувајте ги датумите и не заборавајте дека кожата е нашиот најголем орган кој има бројни улоги во нашата заштита од околината и надворешните влијанија!
OhridNews/PR