Хуманитарната организација Пјурити од Ријад дошла на идеја како да ги поттикне младите да престанат да пушат нудејќи им плаќање на сите трошоци за венчавката. Тие дури имаат истакнато плакати низ главниот град на Саудиска Арабија – Ријад. Неколку стотици мажи покажале интерес за нивната акција, вклучувајќи и еден непушач кој бил спремен да пропуши за да може подоцна да ги откаже цигарите.
Во поголемиот број арапски земји трошоците за венчавките ги сносат младоженците, па затоа тие често и ги одлагаат свадбите за да заштедат. Претставниците на Пјурити велат дека учесниците во кампањата ќе посетуваат седумдневен курс за да се одвикнат од пушењето.