Корисниците на социјална помош, лицата кои не поседуваат имот, самохраните родители, лица што примаат инвалидски додаток, граѓаните чии што примања се под државниот минималец, како и раселените лица  ќе можат да добијат бесплатна правна помош од адвокати, доколку предлог Законот што го изготви Министерството за правда добие зелено светло од Владата и Парламентот.

Доколку биде усвоен законот за бесплатна правна помош, посиромашните граѓани ќе може да добијат бесплатни правни совети и услуги од адвокати, а средствата за ваквата правна помош ќе ги обезбеди државата.

Пријавувањето за бесплатна правна помош ќе се врши во подрачните единици на Министерството за правда. Доколку биде подржан, се очекува Законот за бесплатна правна помош на сила да стапи најрано пред крајот на 2008 година.

ohridnews