Една приватна клиника од Прага им подарува бесплатна операција на медицинските сестри, лекарите и секретарките кои ќе потпишат договор на три години. Директорот вели дека постојано им стигнуваат молби за работа.
Една од сестрите на клиниката за пластична операција, која се одлучила за липосукција вели дека интересот меѓу пријателите е огромен. Уште седум од медицинските сестри го искористиле бонусот. Клиниката за една операција за зголемување на градите наплаќа колку три месечни плати од медицинските сестри. Сите вработени после три години доколку потпишат нов договор имаат право на нова операција.