Една калифорниска амбуланта која во медицински цели ги снадува болните пациенти со марихуана, им подарила цигари со марихуана на лицата кои учествувале во собирањето храна за сиромавите лица. Диспанзерот „Грани Перпс“ од местото Сокел, оддалечено околу 100 километри од Сан Франциско, давал по едно цигаре со марихуана на лицата кои пред празниците обезбедиле по налмалку четири конзерви со храна.


Секој пациент добивал по најмалку три такви цигари дневно. Весникот „Санта Круз Сентинел“ известил дека диспанзерот успеал да собере пет тони храна и дека подарил 2000 цигари со марихуана од ноември до Божик, кога акцијата била и завршена.