Дебелите американци сега можат бесплатно да се хранат во ресторанот „Срцев Удар“ во Чендлер, Аризона. Единствениот услов е да имаат повеќе од 160 килограми. Раководителот на ресторанот го вработил Блер Ривер кој има 270 килограми да ја промовира специјалната понуда. Го плаќаат по речиси сто долари на час не само поради неговата тежина, туку и поради неговата неверојатна љубов кон храната.
Келнерките послужуваат облечени во униформа на медицински сестри, а гостите мораат да носат болнички мантили преку својата облека. На менито може да се најде висококалоричен бургер и многу други видови нездрава храна, Не се послужуваат диетални пијалоци. За да биде иронијата уште поголема, сопственикот на ресторанот е нутриционист кој имал центар за слабеење во Оклахома. Очигледно заклучил дека американците се непоправливи па одлучил да заработува на нивните лоши навики.