Денеска во 15 часот започнува викенд полицискиот час кој ќе трае до понеделник во 05 часот утрото. Граѓаните итаат да ги набават најпотребните намирници за 38 часовната домашна изолација, но и доколку не успеат да стигнат, место за паника нема. Охридските маркети и аптеки за време на полицискиот час ќе вршат достава на неопходните продукти до домовите на граѓаните.

„ЈАМИ Маркет“ прима онлајн нарачки и врши достава на храна до дома. Истата е бесплатна, а услов е минималната вредност на нарачката да изнесува 500 денари.

Дистрибуираме храна и пијалаци, а вршиме услуги за нашите клиенти и за достава на лекарства. Нарачки може да се вршат на тел.: 070 302 880, во сабота од 15 до 21 часот, односно од 08 – 21 часот во недела. – информираат од „ЈАМИ Маркет“

Со цел да им излезе во пресрет на граѓаните во ситуација на вонредна состојба, Виа Фарм Аптеки започнаа со продажба на отц производи со безбедна и навремена достава до врата.

Нарачката може да се направи онлајн на веб страницата: www.viafarm.mk или на телефонот 046/288-228, информираат Аптеки „Виа Фарм“.

Доставата на отц производи од нашиот асортиман, ќе биде бесплатна во промотивниот период во Охрид до 30.04.2020, во согласност со политиката на фер однос. Плаќањето се врши на врата при достава на нарачаните производи. – објаснуваат од Аптеки „Виа Фарм“.

Нарачки и достава, ќе се вршат секој работен ден од понеделник до петок од 10:00 до 20:00 часот, а во сабота од 08:00 до 14:00 часот, информираат Виа Фарм Аптеки

Бесплтана нарачка на производи до домовите на охриѓани за време на Полицискиот час за време на викендот, ќе врши и маркет „ВИПС“. Услов таа да биде без надомест за дистрибуција е вредноста на нарачката да изнесува минимум 500 денари.

Нарачките во сабота се вршат од 14 до 19 часот, а во недела од 09 до 19 часот, на следните телефони: 070 968 256, 070 261 664 и 070 331 414.- информираат од маркет „ВИПС“.

Мобилни се и волонтерите на Црвениот крст, кои секојдневно доставуваат храна и неопходни производи до граѓаните кои не можат сами да го направат тоа, како и до ранливите категории семејства.

Г.М.