Во согласност со мерките и препораките на Владата за ограничено движење и на Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција и справување со Корона вирусот Ковид 19, граѓаните на Охрид ќе можат да се снабдуваат со основни производи од маркетите и во време на полициски час.

Почнувајќи од денес „ЈАМИ Маркет“ почна со онлајн достава на храна до дома. Истата ќе биде бесплатна, а услов е минималната вредност на нарачката да изнесува 500 денари.

Ќе дистрибуираме исклучиво само храна и пијалаци, а цигари нема да доставуваме. Нарачки ќе може да се вршат на тел.: 070 302 880 од 16 до 21 часот во работните денови, односно од 08 – 21 часот во викендите. – информираат од „ЈАМИ Маркет“

Кризниот штаб на Општина Охрид за превенција и справување со Корона вирусот Ковид 19, вчера, информираше дека маркетите, аптеките и другите економски оператори, ќе можат да вршаат онлајн продажба за време на полицискиот час со дозвола за која што тие требаше да аплицираат до денеска до 12 часот.

Согласно мерките и препораките на Владата, ќе биде дозволено движење на максимум 5 вработени лица (доставувачи) од маркет, кои треба да имаат соодветна заштитна опрема.

OhridNews