Оваа програма на Министертвото за труд и социјална политика, може да ја користат лица- корисници на старосна, инвалидска и семејна пензија, остварена според прописите на Република Македонија и прописите на други држави со коишто Република Македонија има склучено договор за социјално осигурување.
-Со бањско климатската рекреација за 2010 година, ќе бидат опфатени до 10.000 пензионери од целата држава. Корисникот на пензија може да ја користи услугата само еднаш, во периодот од 1 февруари до 30 ноември 2010 година, во траење од 7 дена. Услугата на бањско климатска рекреација опфаќа:6 полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно), бањска терапија, еден задолжителен здравствен преглед, трошоци за превоз во висина на повратна автобуска карта од местото на живеење на корисникот до установата во којашто ќе се користи услугата на бањско климатска рекреација.-се вели во огласот за апликација на оваа програма.
Барањето за апликација на оваа програма го издава подрачната единица на Фондот за ПИОМ во Охрид. По завршување на постапката, апликантите писмено ќе бидат известени дали ке одат или нема да одат на бесплатна банска рекреација.