По повод 18 мај, Меѓународниот ден на музеите, НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, известува дека влезот ќе биде бесплатен во некои од локалитетите и музеите под нивна надлежност.

Утре на археолошките локалитети и во музејските објекти Самуилова тврдина, Музеј на вода – Градиште, Куќа на Робевци и Галерија на икони влезот за сите посетители ќе биде бесплатен, информираат од Установата.

OhridNews