По повод државниот празник 8 септември – Денот на независноста на Македонија, (недела), НУ Завод и Музеј Охрид се приклучува со своја програма.
По повод 32 години од независноста под слоган 8-ми Септември – Гласник на слободата, музеите, локалитетите и галериите ќе бидат отворени за сите граѓани без надоместок. Имено нашите музејски објекти Куќата на Робевци, Галеријата на икони и Залив на коските ќе бидат отворени без надоместок за сите граѓани, информираат од НУ Завод и Музеј Охрид.
Истовремено, велат, на 8-ми Септември (недела) во 18 часот во Куќата на Робевци ќе биде отворена самостојна изложба од авторот Боро Митрески Минта со наслов “33 ХРИСТОС ЖИВОТ ЗА СПАС НА ЧОВЕШТВОТО”, во која се изработени 33 сребрени микроекспонати (годините на Христос), во периодот од 08.09.2024 година до 14.09.2024 година.
OhridNews