Проститутките од едно данско здружение ќе ги понудат бесплатно своите услуги на учесниците на самитот за климата кој се одржува во Копенхаген. Но не станува збор за добра волја, туку за протест поради настојувањето на градските власти да ја сузбијат проституцијата. Градските власти во Копенхаген поделиле летоци по општинските службеници во кои повикуваат да не се користат услугите на проститутките.
Овој занает не е забранет во Данска. Понудата за бесплатни услуги ќе трае се додека не заврши и самиот самит. Тие не очекуваат навала од учесниците на самитот, туку на овој начин сакаат да го изразат своето незадоволство од третманот кој кон нив го имаат градските власти, и истиот го сметаат за дискриминација.