Под мотото “Заштитете ги вашите бубрези”, сите заинтересирани  охриѓани, со регулиран упат  и син картон, денеска, ќе можат да направат бесплатни прегледи на бубрезите во  Здравствениот дом во Охрид.

Оваa акција ја спроведува Министертвото за здравство на иницијатива на Здружението  на бубрежно болни “Нефрон”, а по повод 11 март- Светскиот ден на бубрезите. Во рамки на акцијата ќе се врши беплатно испитување на крвна слика, ниво на гликемија и кератин во крвта, како превентивна мерка за навремено откивање на можно оштетување на бубрезите.

Во почетните стадиуми, бубрежните болести не можат да се откријат, бидејќи симптомите се слабо изразени. Затоа како превентива од вакви забoлолувања, потреби се редовни лекарски контроли и анализи.

OhridNews