ЈП „Билјанини Извори” ја известува јавноста дека на ден 19. 01. 2025 (недела) јавниот градски паркинг со кој стопанисува претпријатието ќе е бесплатен за сите нејзини корисници.

Одлуката традиционално се носи во име на големиот христијански празник Богојавление – Водици. ЈП „Билјанини Извори” на сите учесници на неделниот настан им посакува мирно езеро и добро здравје, велат од претпријатието.

OhridNews