На празникот Божик, 7 јануари, четврток, јавниот градски паркинг со кој стопанисува Јавното претпријатие “Билјанини Извори”, ќе биде бесплатен за сите корисници.
Одлуката е донесена во име на големиот христијански празник Божик и на таков начин ЈП „Билјанини Извори” се приклучува во одбележувањето и славењето на Христовото раѓање. ЈП „Билјанини Извори“ им го честита празникот на сите православни верници и им посакува многу здравје и бериќет, – се вели во соопштението од јавното претпријатие.
OhridNews