Германската авиокомпанија Air Berlin им дозволила на своите патници со себе на пат да ги понесат бесплатно своите новогодишни дрвца. Единствени услови се дрвцата да не бидат повисоки од две метра и патниците 24 часа претходно да ја известат компанијата.


Понудата ќе трае до Божик. Повеќето вакви барања дошле од германските патници, кои се чини не можат да поднесат да бидат разделени од своите елки за време на новогодишните празници.